понеделник, 30 март 2026

Ѓукановиќ: Не е момент за посета на Србија, наскоро одам во Приштина

Објавено на

часот

Сподели

Ѓукановиќ во интервју за приштинска КТВ кажа дека неговата посета на Косово ќе биде придонес на „меѓудржавното разбирање и јакнење на традицијата на добрите црногорско-албански односи“.

За евентуалната посета на Србија, Ѓукановиќ кажа дека за тоа во овој момент не може да се зборува поради нарушените политички односи на двете земји.

„Јасна ви е причината за нарушените политички односи на нашите две земји во последните години“, кажа тој.

Црногорскиот претседател кажа дека е апсолутно спремен да разговара со сите, а особено со соседите, земјите во регионот по јасни политички принципи.

„И, не сум од оние кои ги бираат соговорниците, не сум тој кој го сака овој или оној претседател на Србија. Србија го бира својот претседател, нека го бира со среќа како што сакаат граѓаните на Србија“, кажа Ѓукановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ