понеделник, 22 декември 2025

Грчката влада сака да ги забрани демонстрациите пред парламентот

Конзервативната влада на Грција се обидува да го забрани одржувањето протести кај Гробот на непознатиот јунак, култен споменик пред парламентот во Атина, каде што често се собираат демонстранти.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Опозиционите партии го обвинуваат премиерот за нетолеранција и сеење поделби.

Владата во Атина денес предложи измени во законот што го регулира одржувањето на споменикот, предизвикувајќи жестока парламентарна дебата.

Според амандманот, безбедноста на споменикот ќе остане во надлежност на Министерството за заштита на граѓаните, додека одржувањето, грижата и промоцијата на споменикот ќе бидат префрлени на Министерството за одбрана, пишува Екатимерини.

Опозициските партии остро го критикуваа амандманот, а ПАСОК ја обвини владата дека се обидува да ја промени јавната агенда и да го подели општеството.

Левичарската партија СИРИЗА изјави дека Нова демократија ја вовела мерката за да ги спречи родителите од Темпе да ги напишат имињата на своите деца пред споменикот.

Сириза повика вечерва да се одржат протести поради овој обид на власта.

Просторот пред споменикот стана фокусна точка за протести на роднините на жртвите од најсмртоносната железничка несреќа во Грција.

Во несреќата во Темпи во февруари 2023 година, во која товарен и патнички воз се судрија движејќи се во спротивни насоки откако беа поставени на истата пруга, загинаа 57 лица, претежно студенти враќајќи се на универзитет по државен празник.

Споменикот, во чест на оние што загинаа борејќи се за Грција, е популарна туристичка дестинација за оние кои сакаат да го видат менувањето на претседателската гарда на секој час.

Измените на законот поднесени од владата на премиерот Киријакос Мицотакис дозволуваат собири на туристи, но не и одржување на протести.

Прекршителите ќе се соочат со парична казна или до една година затвор.

Импровизираниот споменик на жртвите од железничката несреќа е подигнат на мал плоштад пред Гробот на непознатиот јунак, со имињата на жртвите напишани со црвена боја на бетонот. Околу се поставени свеќи и саксии со цвеќе.

„Целта (на промената на законот) не е поделба. Целта е почитување, зајакнување на почитта кон светиот споменик“, изјави вчера владиниот портпарол Павлос Маринакис.

Но, опозициските партии велат дека овој потег е директна реакција на антивладините протести поради катастрофата во Темпи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ