вторник, 31 март 2026

Гранатирана станбена зграда во Киев, експлозии во Одеса и Запорожје, велат Украинците (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Зградата е оддалечена само неколку километри од центарот на Киев.

Првите информации се дека се повредени две лица. Спасувачките служби извлекле 37 лица од зградата, се вели во соопштението. Потрагата по уште потенцијални жртви продолжува.

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека добиле повик во 6:16 часот и дека делови од граната паднале во зградата. Тие наведуваат дека се урнал горниот кат и дека е оштетена 9-катница во населбата.

Службата за итни случаи наведува дека во погодената зграда избувнал пожар, но дека бил изгаснат за половина час.

Во нападот е оштетена и соседната деветкатница, се наведува.

Експлозии утрово се слушаат во Киев, Одеса и Запорожје, вели Би-би-си, повикувајќи се на податоци од социјалните мрежи. Градските служби за итни случаи соопштија дека во гранатирањето биле оштетени две станбени згради.

Би-би-си наведува дека на социјалните мрежи има непотврдени информации за експлозии во градовите Одеса и Запорожје на југот на Украина.

Во Запорожје, секретарот на градскиот совет Анатолиј Куртев напиша на Телеграм дека експлозијата ја погодила железничката станица.

Засега нема детали дали на овие подрачја има жртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ