недела, 28 декември 2025

Гранатирана Одеса, локалните власти велат има мртви и ранети (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Прес-центарот на безбедносните и одбранбени сили соопшти дека руските трупи извршиле напад врз, како што велат, урбаната инфраструктура. Тие рекоа дека е оштетен еден верски објект.

Ова е втор напад врз црноморскиот пристаништен град во последните неколку дена.

Според првичните податоци, загинало 13-годишно дете. Исто така, тешко е повредена 17-годишна девојка, изјави пратеникот на Врховната рада на Украина Олексеј Гончаренко.

Во саботата украинските власти објавија дека пистата на аеродромот во Одеса била погодена од ракетен напад.

Локалниот гувернер Максим Марченко изјави дека има загинати и повредени, но не даде дополнителни детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ