вторник, 30 декември 2025

Градоначалникот на Мариупол: Ни треба повеќе оружје, нема да се предадеме. Никогаш (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Скај њуз, Бојченко рече: „Никогаш нема да стане збор за предавање на Мариупол заради мир. Можеме да го вратиме само она што е наше, а Мариупол беше и ќе остане украински и ќе направиме сè за да го обезбедиме тоа“.

Бојченко понатаму го повика „целиот цивилизиран свет“ да се обедини и да обезбеди оружје за да ѝ овозможи на Украина „да ја постигне оваа победа“.

На крајот, тој заклучи: „Колку побрзо стигнат до украинските вооружени сили, толку побрзо ќе можеме да се вратиме дома. Јас ќе си одам дома во Мариупол, а другите ќе се вратат во другите градови. Ние мора да ги донесеме овие одлуки порано или подоцна. Мора да разбереме дека друг избор нема, не постои. На нас Украинците мора да ни се даде можност да ја ослободиме нашата земја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ