Товарниот брод Фелисити Алис на кој има автомобили на Порше (дури 1.100), Фолксваген и Ауди се запалил во северниот Атлантик. Во моментот на избивањето на пожарот бродот пловел 90 наутички милји југозападно од португалските Азорски Острови, се наведува во соопштението на португалската морнарица.
Откако избил пожарот во товарниот простор, огнот се проширил и ги приморал 22 члена на екипажот да го напуштат бродот. Според друга изјава на португалската морнарица, екипажот е спасен и одведен во локален хотел, а со спасувањето координирал поморскиот центар за потрага и спасување на Понте Делгадо. Немало видливи траги од загадување од пожарот, се наведува.
An abandoned cargo ship packed with Porsches and Volkswagens is adrift in the Atlantic Ocean after a fire broke out and the crew fled the flames https://t.co/5VXLTTx2rk
— CNN (@CNN) February 18, 2022
Сопствениците на бродот организирале шлепање, бидејќи тој и понатаму гори. Бродот е регистриран во Панама.
Компанијата Порше потврди дека во товарот имало повеќе нивни автомобили и дека купувачите се известени.
„Иако е сè уште прерано да се потврди што се случило и следните чекори допрва треба да се преземат, заедно со нашите колеги ги поддржуваме купувачите и дилери колку што можеме да се најде решение“, соопшти Порше за Северна Америка.
Фолксваген исто така има автомобили кои се наоѓаат на запалениот брод.
„Свесни сме за инцидентот кој го вклучува товарниот брод на трета страна кој ги превезувал возилата преку Атлантикот. Бродот беше на пат кон Северна Америка. Во овој момент сме свесни дека нема повредени. Во контакт сме со бродската компанија за да добиеме повеќе информации за инцидентот“, кажа Дирк Амер, портпаролот на Фолксваген.
[video:https://youtu.be/BaH44NvUOKU autoplay:0]





