четврток, 1 јануари 2026

Горат две складишта за нафта во Русија (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Не е планирана евакуација на населението, а според првичните информации во пожарот немало повредени, пренесува Интерфакс.

Агенцијата РИА Новости наведува дека не е забележана зголемена концентрација на штетни материи во воздухот и додава дека некои граѓани пријавиле дека слушнале две експлозии.

РИА јавува дека пожар избил на резервоари на складиште на уште еден објект во Брјанск.

Транснефт Дружба (ќерка компанија на Транснефт) има резевоари со капацитет од 3,1 милион кубни метри, а производни погони на претпријатието има во 11 руски региони. Претпријатието управува со нафтоводот Дружба, преку кој нафтата од Русија се доставува во Европа.

Претходно во април Русија ја обвинуваше Украина за напади во оваа област. Според тогашните тврдења на руската војска, украинската војска вршела напади со хеликоптери.

Брјанск е административен центар на Брјанската област, 154 километри североисточно од украинската граница и околу 380 километри оддалечен од Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ