недела, 11 јануари 2026

Големи пожари во Австралија: Викторија прогласена за зона на катастрофа (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници пожарникари денес во австралиската сојузна држава Викторија со натчовечки напори се обидуваат да ја преземат контролата над шумските пожари кои оставија зад себе уништени домови, изгорени големи површини покриени со ниска вегетација и грмушки и доведоа до прекин на снабдување со струја за повеќе десетици илјади жители.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Повеќето од пожарите избувнаа кон средината на неделата, поради интензивниот топлотен бран во југоисточна Австралија. Тие досега проголтаа повеќе од 300.000 хектари грмушки, соопштија властите во понеделник наутро, додавајќи дека десет големи пожари сè уште горат низ целата држава.

Повеќе од 130 објекти, вклучувајќи куќи, беа уништени, а околу 38.000 станбени и комерцијални објекти останаа без електрична енергија поради пожарите, соопштија властите, додавајќи дека ова се најлошите пожари во земјата од таканареченото Црно лето 2019-2020 година, кога пожарите уништија област со големина на Турција и убија 33 лица.

Премиерката на Викторија, Џасинта Алан, изјави дека илјадници пожарникари се на терен обидувајќи се да го спречат ширењето на пожарот. „Каде и да можеме, ќе се обидеме да ги ставиме пожарите под контрола“, изјави Алан на прес-конференција во главниот град на државата Мелбурн.

Претходно денес, австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека нацијата се соочува со ден на „екстремни и опасни“ пожари, особено во Викторија, каде што поголемиот дел од државата е прогласен за „зона на катастрофа“.

Еден од најголемите пожари беснее во близина на градот Лонгвуд, околу 112 км северно од Мелбурн, каде што досега изгореа 130.000 хектари грмушки, а уништени се околу триесет згради, бројни лозја и земјоделско земјиште, соопштија властите.

Десетици заедници што живеат во близина на пожарите се евакуирани, бројни државни паркови и кампови се затворени. Денес е издадено предупредување за топлотен бран за големи делови од Викторија, додека предупредувања за пожари се во сила за соседната држава Нов Јужен Велс и територијата на австралискиот главен град, изјави главниот метеоролог на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ