Иако правеа сè за да се подготват, властите сепак ги предупредија граѓаните да избегнуваат да излегуваат од своите домови, додека повеќето административни институции се затворени.
Сообраќајот се одвива многу отежнато, а температурата се спушти на 8 Целзиусови степени под нулата, додека субјективното чувство е минус 18 степени поради силниот ветер.
Снежната покривка за само еден ден достигнала висина од 40 сантиметри.
[video:https://youtu.be/oWGZKGSjp9I autoplay:0]Улиците се речиси пусти бидејќи повеќето граѓани се воздржуваат од движење по проблемите кои се случија за време на претходната слична бура, кога стотици возила со часови беа заглавени во снегот.
Градоначалникот Ерик Адамс кажа дека снегот упорно паѓа и дека е императив жителите да избегнуваат возење.
„Јасно е дека улиците се проодни, но сè уште имаме постојани снежни врнежи и затоа е важно во овој момент да не бидеме на патиштата“, кажа тој. „Навистина е важно луѓето да се тргнат од улиците и да им овозможат премин на возилата за итна помош“.
[video:https://youtu.be/fu9Rn7SUOzU autoplay:0]Градското метро не е затворено, само работи поспоро од вообичаено, кажа градоначалникот и истакна дека во овој момент е најдобро да се патува со јавниот превоз.
Источниот брег на САД од вчера е на удар на големата снежна бура Нористер која се протега од Јужна Каролина до Мејн со снег и оркански ветришта. Пет американски сојузни држави прогласија вонредна состојба.
Метеоролозите предупредуваат дека поради невремето снежната покривка може двојно да порасне, а постои и можност од поплави во крајбрежните области.
[video:https://youtu.be/o9z2jTDxT1k autoplay:0]





