недела, 15 март 2026

Голема експлозија во Доњецк (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата се случила во близина на зградата во која се наоѓа управата на бунтовничкиот регион.

Снимките од местото на настанот покажуваат целосно уништен автомобил на паркингот на околу 100 метри пред седиштето на самопрогласената народна република Доњецк, со значителна штета на другите возила во близина, вели РТ.

Руската продржавна новинска агенција РИА објави видео за кое тврди дека е од Доњецк, на кое се слуша како одекнуваат сирени.

Масивната експлозија попладнево во центарот на Доњецк била дело на автомобил-бомба што се активирала пред седиштето на управата, соопштија локалните власти.

Повеќекратните извештаи за експлозијата дојдоа веднаш откако и Доњецк и Луганск, двата бунтовнички украински региони, објавија евакуација на цивили во Русија, велејќи дека се плашат од напад на украинската војска.

Откако попладнево шефот на бунтовничкиот регион Доњецк ги повика цивилите да се евакуираат во Русија, по него истото го стори и лидерот на другиот украински бунтовнички регион Луганск, кој најави „организирана евакуација на популацијата“.

Тој рече дека евакуацијата е „координирана со Русија“.

„Апелирам на сите воени способни мажи што можат да држат оружје в раце да ја бранат својата земја“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин попладнево на прес-конференцијата со белорускиот лидер Александар Лукашенко оцени дека ситуацијата во источна Украина е сѐ полоша.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ