Според податоците на данскиот економски регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се реални сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственоста е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.
Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ рече дека инвестицијата е реализирана во јули 2020 година, но одби да каже колкава била нејзината вредност, пишува Ројтерс. Квантбиорес вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарната цел ѝ е да развие лек за ковид, а не вакцина, рече Лончаревиќ.
Компанијата развива пептид што спречува коронавирусот да ги заразува човечките клетки и очекува клиничкото тестирање да почне во Велика Британија ова лето, рече Лончаревиќ.
Портпаролот на Ѓоковиќ не одговори на барањето за коментар, објави Ројтерс.
Новак Ѓоковиќ не беше вакциниран против ковид, деновиве беше депортиран од Австралија и не можеше да настапи на Австралија опен.






