Компанијата бара дозвола за извоз на возилата во нивната моментална состојба, со цел да ги доработи во следните месеци пред да ѝ ги испрати на Украина, кажал изворот потврдувајќи ги тврдењата на германски Велт ам зонтаг.
Потегот на компанијата би требало да го присили канцеларот Олаф Шолц да заземе јасен став за тоа дали може да е испраќа тешко оружје директно од Германија во Украина бидејќи договорот за возилата „мардер“ бара одобрување од Советот за национална безбедност, со кој претседава Шолц.
Портпаролот на Рајнметал одбил да го коментира случајот. Шолц се соочува со сè поголеми критики во земјата и странство бидејќи се колеба околу испораката на тешко оружје како тенкови и хаубици на Украина.
Киев ги интензивира барањата за тешко вооружување откако Москва ја премести офанзивата во Донбас, регионот кој се смета поповолен за тенковски битки за разлика од регионот на Киев.






