Во интервју за неделникот Виртшафтсвохе, објавено денеска, тој рече дека официјален Берлин рекол дека ги засилил напорите за намалување на зависноста од руската енергија откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.
Но тој додаде дека Германија најверојатно ќе биде во голема мера зависна од рускиот гас до 2024 година.
„Доколку имаме полни складишни капацитети на крајот на годината, ако два од четирите пловечки ЛНГ-танкери што ги ангажиравме се приклучат на мрежата и ако постигнеме значителни заштеди на енергија, ќе можеме да ја преживееме зимата до одреден степен во случај да нема повеќе руски гас“, рече тој.






