недела, 15 март 2026

Германија во неколку дена ја погодија три бури, предизвикана е штета од 1,6 милијарди евра (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Поаѓаме од фактот дека бурите Иленија и Зејнеп припаѓаат на оние бури што историски гледано предизвикаа најголема штета“, изјави Јан-Оливер Тоферн, претставник на осигурителната компанија АОН од Хамбург.

На тоа треба да се додаде и Антонија, третата бура која минува низ Германија, а која во понеделникот претпладне предизвика бројни прекини во железничкиот сообраќај во североисточна Германија.

Последните три бури особено ја погодија централна и северна Германија. Делови од пристаништето во Хамбург и во понеделникот сè уште се под вода.

Три лица го загубија животот во бурите во последниве денови.

Според првичните проценки, бурата Иленија нанела штета од 500 милиони евра, а Зејнеп една милијарда, а Антонија 100 милиони евра.

Вкупната сума од 1,6 милијарди евра е повеќе од половина од штетата предизвикана од бурите во Германија во текот на една просечна година.

Од осигурителната компанија сметаат дека штетата можела да биде значително поголема доколку дрвјата веќе биле пролистани, бидејќи смета Тоферн, поради т.н. ефект на едро предизвикан од лисјата, уште повеќе дрвја ќе биле соборени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ