среда, 28 мај 2025

Германија: Украина не би требало да ја препушти целата територија под руска окупација

Германскиот министер за одбрана оцени дека Украина не би требало да се откаже од целата територија што ја окупира Русија, како дел од мировниот договор на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака брзо да ги заврши борбите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина долго време знае дека прекинот на огнот или траен и веродостоен мировен договор би можел да вклучува територијални отстапки“, рече Борис Писториус во интервју за телевизијата АРД. Но, овие отстапки, според него, „сигурно нема да одат толку далеку колку сега, или барем не толку далеку како во најновиот предлог на американскиот претседател“.

САД не објавија детали за својот план, но сугерираа замрзнување на линијата на фронтот и прифаќање на руска контрола над Крим во замена за мир.

Веб-страницата „Аксиос“ објави за американскиот план презентиран пред украинските претставници, според кој Вашингтон „де факто“ би ја признал руската окупација на украинските региони Донецк и Луганск на исток, како и Херсон и Запорожје на југ.

Борис Писториус ја поздрави средбата меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски еден ден претходно во Ватикан, каде што двајцата пристигнаа да го испратат папата Франциско.

„Во исто време, би можело да се каже дека работите речиси секојдневно се менуваат“, нагласи тој, додавајќи дека: „Сигналите се многу контрадикторни: понекогаш многу пријателски, понекогаш многу непријателски (…). Би рекол дека на крај делата зборуваат сами за себе.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ