недела, 7 декември 2025

Германија планира огромно зголемување на помошта за Украина

Германската влада има намера да ја зголеми својата поддршка за Украина на повеќе од 11,5 милијарди евра следната година, за да ѝ помогне на земјата да се одбрани од руската агресија.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците, овој износ е вклучен во предлогот на Министерството за финансии што ќе биде предмет на последната дебата за нацрт-буџетот за 2026 година во буџетската комисија на Бундестагот.

Владини извори минатата недела изјавија дека дополнителните средства ќе бидат наменети за артилерија, беспилотни летала и оклопни возила, како и за замена на два системи за воздушна одбрана „патриот“.

Комисијата на Бундестагот ќе одржи таканаречена „последна седница“ во четврток за да направи конечни прилагодувања на буџетот за 2026 година.

Како што претходно објавија извори блиски до германскиот канцелар Фридрих Мерц, владата верува дека ќе може да се спротивстави на повиците на опозицијата за суспендирање на помошта за Украина во светло на обвинувањата што ги поврзуваат украинските граѓани со експлозиите на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море.

Според германските истражители, се верува дека групата Украинци кои учествувале во тие експлозии дејствувале под команда на тогашниот врховен командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ