вторник, 31 март 2026

Германија купува американски борбени авиони Ф-35

Објавено на

часот

Сподели

Германски извор кажа за Ројтерс на почетокот на февруари дека Германија сака да купи Ф-35, но дека сè уште нема конечна одлука за тоа.

„Торнадо“ е единствениот германски млазен авион способен да ги носи американските нуклеарни бомби, стационирани во Германија, во случај на конфликт. Но германските воздухопловни сили летаа со тој авион од 1980-тите, а Берлин планира постепено да го укине до 2030. Купувањето на Ф-35 ќе биде удар за Боинг, чии Ф-18 ги фаворизираше поранешната германска министерка за одбрана Анагрет Крамп Каренбауер како замена за „торнадо“.

Одлуката може да ги вознемири и Французите. Париз ја следеше германската дебата за купување Ф-18 или понапредниот Ф-35 и загрижен е дека набавката на американски авиони може да го поткопа развојот на заедничкиот француско-германски борбен авион за кој се предвидува да биде готов до 2040.

Канцеларот Олаф Шолц пред две недели ја поддржа актуелната заедничка програма со Париз. Во тоа време Шолц најави и дека млазниот „јурофајтер“, кој го развува француско-германскиот Ербас, ќе продолжи да се развива и ќе биде способен за електронско војување, исто како „торнадо“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ