„Не постои дозвола за емитување на оваа програма во Германија ниту барање за емитување кога било е поднесено“, се наведува во соопштението на комисијата за контрола и издавање на дозволи за јавно емитување на радио и телевизиска програма во Германија.
РТ, поранешна Раша тудеј, во Германија досега се емитувала преку неколку канали, меѓу другото и преку интернет и сателити. РТ се повикува на лиценцата за емитување во Европа која на овој сервис му ја издале властите во Србија.
Германската Агенција за радиодифузија дошла до заклучок дека РТ не поседува дозвола која би го оправдала емитувањето на подрачјето на Европската Унија.
Во меѓувреме РТ на германски јазик е отстранет од Јутјуб и од програмите на сателитот Еутелсат.
Некои од условите за издавање дозвола за емитување во Германија се објективноста и независноста од државни институции или политички партии. Меѓутоа, Западот смета дека РТ се наоѓа под директно влијание на рускиот државен врв кој каналот го користи во пропагандни цели.






