„Многу е јасно и очигледно дека Путин сака да ја направи зимата што е можно понеподнослива за Украина, да го уништи моралот и да го скрши отпорот на украинскиот народ. Нема успее во тоа“, рече Писториус, пренесе Гардијан.
Осудувајќи ги нападите, Писториус објави дека Берлин ќе издвои најмалку 150 милиони евра за следната листа на приоритетни потреби на НАТО за Украина.
Средствата ќе помогнат во финансирањето на американското оружје што ќе се испорача во Киев.
Соопштението доаѓа само еден ден откако осум земји – Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка и Шведска – објавија планови за финансирање на посебен пакет помош од 430 милиони евра за Украина.






