недела, 7 декември 2025

Германија: Десетици повредени на протест против организацијата за млади на АфД (ФОТО+ВИДЕО)

Основачкиот конгрес на новата организација на младите на десно-популистичката Алтернатива за Германија (АфД) во Гисен, западна Германија, денес започна со неколку часа задоцнување поради блокади на пристапот до местото на одржување, организирани од противниците на АфД.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата во Гисен, собраните противници на младинскиот конгрес на АфД од раните утрински часови ги блокираат патиштата што водат до салата каде што конгресот требаше да започне во 10 часот.

Се очекува во текот на денот да пристигнат неколку десетици илјади противници на одржувањето на конгресот.

Локална клиника известува дека до сега згрижила „десетина полесно повредени“ демонстранти, без да прецизира за какви повреди станува збор.

Полицијата, исто така, соопшти дека неколку полицајци биле повредени кога демонстрантите фрлале камења и шишиња кон нив.

Како што пренесуваат медиумите, на конгресот, со големо задоцнување, пристигнале и лидерите на АфД, Алис Вајдел и Тино Хрупала.

Нова младинска организација на АфД наречена Генерација Германија треба официјално да биде основана во Гисен денес. Претходната организација „Млада алтернатива“ се распушти на почетокот на годината откако АфД се дистанцира од неа поради чести обвинувања за десничарски екстремизам и неуставни дејствија.

Според најновите истражувања на јавното мислење, АфД со 26 отсто поддршка е речиси изедначен со водечките христијански демократи, а во некои сојузни покраини на истокот на земјата, каде што следната година ќе се одржат избори, АфД е убедливо најсилната политичка сила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ