понеделник, 22 декември 2025

Генералниот секретар на ОН: Војната е бесмислена, мора да престане (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

„Невозможно е да се сретнете со бегалци и да не бидете длабоко допрени од нивните приказни“, рече Гутереш. Трагедијата покажува дека „војната е бесмислена работа и дека оваа војна мора да се прекине“, рече тој, мислејќи на руската инвазија на Украина.

Гутереш го посети и домот на едно молдавско семејство кое прими бегалци и им се заблагодари за нивната великодушност.

Шефот на ОН исто така се состана со молдавската претседателка Маја Санду, на која ѝ изрази благодарност за огромната великодушност и солидарност што ја покажаа молдавската влада и народот кон оние што бегаат од војната во Украина, рече портпаролот Фархан Хак.

Гутереш исто така ја пофали Молдавија дека примила најмногу украински бегалци во однос на сопственото население, рече портпаролот на ОН.

Молдавија, земја со околу 2,5 милиони жители, од почетокот на војната примила повеќе од 450.000 украински бегалци.

По посетата на Молдавија, Гутереш отпатува за Виена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ