петок, 12 декември 2025

Гејтс: Ова може да е последната пандемија

Објавено на

часот

Сподели

На снимката направена како најава за книгата, тој вели дека верува оти пандемијата на коронавирусот може да биде последната пандемија, без разлика колку тоа изгледа невозможно со оглед на моменталните околности.

Тој напомена дека треба да извлечеме поука од пандемијата и да се обидеме да елиминираме сѐ што може да предизвика појава на нов вирус.

Тој додаде дека ја следи пандемијата од нејзиниот почеток и дека научил многу за оваа пандемија работејќи со експерти, а во книгата се наведени и нивните искуства.

Гејтс истакна дека книгата, меѓу другото, ги содржи неговите разговори со главниот американски инфектолог Ентони Фаучи и директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Гејтс на крај заклучува дека со правилен избор и инвестиции, пандемијата на коронавирусот може да биде последната пандемија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ