четврток, 11 декември 2025

Г7: На мета ќе ни бидат оние кои продолжуваат да купуваат руска нафта

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, при што на мета ќе им бидат земјите кои продолжуваат да купуваат руска нафта.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министрите за финансии ја истакнаа важноста на трговските мерки, вклучувајќи тарифи и забрани за увоз и извоз, за ​​намалување на руските приходи поради агресијата во Украина. Заедничката изјава следеше по видеоконференција.

САД претходно ги повикаа сојузниците на НАТО да воведат тарифи за земјите кои купуваат руска нафта, како што се Индија и Кина. Додека американскиот претседател Доналд Трамп се воздржа од воведување дополнителни тарифи за Кина, неговата администрација се нафрли на Њу Делхи со нови тарифи за увоз од Индија.

Членките на Г7 (САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Јапонија) не ги именуваа Кина или Индија во својата изјава. „На мета ќе ни бидат оние кои продолжуваат, директно или индиректно, да купуваат руска нафта дури и по инвазијата на Украина“, се вели во соопштението.

„Ќе преземеме конкретни мерки за значително да го намалиме преостанатиот увоз од Русија, вклучително и увозот на јаглеводород“, се додава во соопштението.

Министрите за надворешни работи на Г7, исто така, изјавија дека сериозно разгледуваат трговски мерки и други ограничувања за земјите што помагаат во финансирањето на воените напори на Русија. Во соопштението не е именувана ниту една земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ