недела, 14 декември 2025

ФСБ спречи терористички напад на Кримскиот мост

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација објави дека спречила нов обид на украинските специјални служби да го разнесат Кримскиот мост со бомба со голема сила, поставена во автомобил со кој требало да управува во ништо несомневајќи се камиказе. Сите вклучени во внесувањето на импровизираната експлозивна направа во Русија се уапсени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација спречи нов обид на украинските специјални служби да извршат терористички напад на Кримскиот мост со помош на автомобил натоварен со експлозив.

Утврдено е дека возило со импровизирана моќна експлозивна направа пристигнало во Русија од Украина, транзитирајќи низ голем број земји. Тоа ја преминало руско-грузиската граница на меѓународниот граничен премин Верхни Ларс во Република Северна Осетија и требало да биде транспортирано до Краснодарскиот крај со камион, управуван од приватен возач“, се вели во соопштението.

Според ФСБ, автомобилот-бомба подоцна требало да му биде предаден на друг возач – тој требало да го вози возилото до Крим преку Кримскиот мост „и да стане несвесен бомбаш-самоубиец, кого режимот во Киев планирал да го користи „преку измама“.

„И покрај целата лукавост на украинските терористи, руските службеници на ФСБ успеале навреме да ги откријат нивните планови, да ја пронајдат и деактивираат експлозивната направа внимателно скриена во Шевролет Волт и да ги уапсат сите вклучени во нејзиниот транспорт до територијата на нашата земја“, се вели во соопштението, објави Спутник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ