Со оглед на тоа што Франција пријавува повеќе од 400.000 нови случаи на ден, научниците зад францускиот ковидтракер-сајт – кој содржи визуелни модели и анализа на податоците на француската влада за случаите на ковид и вакцинациите – создадоа онлајн-алатка што ви овозможува да го пресметате вашиот ризик според зоната и бројот на присутни луѓе.
Калкулаторот го пресметува ризикот врз основа на бројот на луѓето во затворен простор.
Ова може да вклучува забави или настани, но исто така и ресторани и барови врз основа на вкупниот број на луѓето – клиенти и персонал – во собата.
Да се биде во истата просторија очигледно не значи дека дефинитивно ќе го фатите ковид, но може да резултира со предупредување како „контакт-случај“, за кој е потребно тестирање или изолација, во зависност од статусот на вакцинација.
Во Париз, каде што стапката на инциденца во моментов е 3.538 случаи на 100.000 луѓе, престојот во соба со 50 или повеќе луѓе носи ризик од 98 отсто дека еден од тие луѓе ќе биде позитивен.
Дури и соба со 30 или повеќе луѓе – капацитетот на сите освен најмалите барови и кафулиња – носи ризик од позитивен случај од 89 отсто.






