петок, 13 март 2026

Францускиот министер за финансии кажа дека неговата изјава против Русија е непримерна

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Британија и нивните сојузници ѝ воведоа санкции на Руската централна банка, на олигарсите и политичките функционери, вклучувајќи го претседателот Владимир Путин и исклучија дел од руските банки од меѓународниот платежен систем СВИФТ, пишува Ројтерс.

„Санкциите се екстремно ефикасни“, изјави денес францускиот министер за финансии.

„Ѝ објавивме економска и финансиска војна на Русија“, кажа Ле Мер за радио Франс. „Ќе предизвикаме крах на руската економија“, што предизвика реакција на Москва.

Неколку часа потоа францускиот министер ретерираше, кажувајќи за Франс прес дека погрешно се изразил и дека поимот „војна“ не е примерен со обидите на Франција да ги стивне тензиите околу конфликтот во Украина.

„Не сме во конфликт со рускиот народ“, додаде Ле Мер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ