Европската Унија минатата недела реши да ги засили силите на Еуфор на 1.100 војници од 600, со испраќање резервисти од Австрија, Бугарија, Романија и Словачка за да се спречи потенцијална нестабилност по руската инвазија во Украина. Некои сили веќе пристигнаа.
БиХ се наоѓа стотици километри од борбите, но се соочува со сè посилна политичка криза.
„Носачот на авиони Шарл де Гол во моментов спроведува оперативна обука во Средоземното Море, а од понеделник 7 март неговите авиони „рафал“ ќе вршат прелетувања на Западниот Балкан, вклучувајќи ја Босна и Херцеговина“, соопшти Еуфор.
Високи функционери на НАТО и Европската Унија предупредија дека нестабилноста поради војната во Украина би можела да се прошири на Западниот Балкан, Молдавија и Грузија. БиХ, како Украина, долго зборува дека сака да влезе во НАТО, на што се противат босанските Срби со поддршка од Русија.
Москва во март минатата година кажа дека ќе реагира ако БиХ преземе чекори за приближување кон воениот пакт предводен од САД. Босанските Срби сакаат земјата да остане воено неутрална и надвор од НАТО.
Еуфор, кој во 2004 ги замени мировните сили на НАТО во Босна и Херцеговина, се состои од 3.500 припадници, од кои 600 во моментов распоредени во земјата.






