петок, 12 декември 2025

Француски хуманитарец ги спореди Србите на Косово со Галите на Астерикс (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Тој ги спореди српските енклави на Косово со „селото на Астерикс“ опколено со боцкава жица.

Гујон, за да им објасни на Французите што е енклава во која живеат Србите на Косово, на инстаграм-профилот напиша дека Србите се горди и бестрашни, и дека не се плашат дека „небото ќе им падне на глава“.

„За Французите да разберат што е тоа српска енклава на Косово и Метохија, јас им ја опишувам како селото на Астерикс опколено со боцкава жица, од кое мештаните не можат да излезат без да бидат изложени на огромен ризик, омаловажување, пцуење… Србите немаат магичен напиток, но имаат неверојатна храброст и желба за слобода, поради што не се плашат од соочување со неправда. Поделени се, па обединети, горди, слободни, кавгаџии, па помирливи, иако Галите се плашеле дека „небото ќе им падне на глава“, без скромност можам да кажам дека Србите се последните Гали во Европа“, напиша Гујон.

Францускиот хуманитарец веќе деценија и пол на Србите на Косово им испраќа хуманитарна помош преку организацијата „Солидарност за Косово“, која лично ја основал.

Пред три години властите во Приштина му забранија влез на Косово, но тоа не го спречува преку своите француски и српски волонтери да им испраќа финансиска и материјална помош на Србите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ