„Состојбата на Косово се врти против Западот, кој веруваше дека може вештачки да се создаваат држави. Косово не претставува борба за независност, тоа е војна за територија меѓу Србите и Албанците. Не постои косовски народ, постојат само Албанци и Срби“, кажа Антоан за Вечерње новости.
Тој истакна дека Албанците не сакаат независно Косово и дека сега ја остваруваат намерата за спојување со Албанија.
Францускиот аналитичар оцени дека во Европа има сè повеќе држави кои не се сложуваат со официјалната политика на Брисел, и го наведе примерот на Унгарија која гласа против сите мерки кои се однесуваат на Косово, потоа Полска и во одредена мера Италија.
Антоан смета дека Западот повеќе не може да го трпи косовскиот премиер Аљбин Курти, но дека тоа не значи дека се на страната на Србија која ја бомбардираа пред 20 години и затоа не можат да го сменат мислењето.
„Затоа единствениот излез им е Србија да го признае Косово. Ако Србија не го направи тоа, тогаш ќе биде пораз на Западот. Србија тоа никогаш не би требало да го направи. Косово не е албанско туку српско“, смета францускиот аналитичар.
Вели дека мислењето околу ова прашање се менува во Франција и дека двајца од тројцата претседателски кандидати во таа земја се против независноста на Косово.
„Жан Лук Меланшон и Мерин ле Пен повеќе пати тоа јасно го истакнаа. Ерик Земур неколку пати повтори дека Косово била грешка, а тие имаат голем број гласачи“, кажа Антоан.






