недела, 1 февруари 2026

Франција: Признавањето на сепаратистичките делови на Украина е агресија без оружје

Објавено на

часот

Сподели

„Би била тоа невозможна ситуација, облик на неоружена агресија и неоружено нарушување на украинското единство и целовитост“, истакна пред надворешнополитичкиот одбор на француското собрание.

Думата, долниот дом на рускиот парламент, гласаше вчера за повик до претседателот Владимир Путин Русија да ја признае независноста на проруските сепаратистички територии кои, со поддршка од Москва, веќе осум години војуваат со силите на Киев на истокот на Украина.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков кажа дека во моментов нема „никаква официјална одлука“ за тоа, но дека барањето на пратениците „го одразува мислењето на рускиот народ“.

Признавање на тие територии би значело завршување на мировниот процес на истокот на Украина и договорот од Минск потпишан во 2015 под француско-германско покровителство, според кој на крајот се предвидува нивно враќање под контрола на Киев.

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од Путин да не ја признава независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск, соопшти вчера Елисејската палата.

„Рускиот претседател кажа дека станува збор за парламентарна иницијатива која тој не ја одобрува“, додаде кабинетот на францускиот претседател. „И во иднина ќе бидеме внимателни и ќе го повикуваме да не го одобри барањето на Думата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ