среда, 11 февруари 2026

Француски министер нареди истрага за вмешаност на дипломат во аферата со Епстин

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави денес дека е „зачуден и огорчен“ од откритието дека францускиот дипломат Фабрис Едан бил споменат неколку пати во досиејата за покојниот американски осуден педофил, финансиер Џефри Епстин, и дека покренал административна истрага и дисциплинска постапка.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот министер за радио РТЛ изјави дека за тоа дознал дури во вторникот, дека фактите во досиејата за Џефри Епстин се „исклучително сериозни“ и дека не ја исклучува можноста дека и други француски дипломати може да бидат вмешани.

Фабрис Едан е виш секретар за надворешни работи и е на отсуство од лични причини, рече Жан-Ноел Баро. Тој додаде дека дипломатот работел за енергетската компанија „Енџи“ и дека веднаш бил суспендиран откако медиумите открија дека се појавува во документите на Епстин.

Француските медиуми пренесоа дека Едан според документите за Епстин разменил неколку десетици електронски пораки во текот на неколку години со бизнисменот и осудениот сексуален престапник Џефри Епстин кој почина во затвор во 2019 година.

Како што пренесоа порталите Медиапарл и Радио Франција, кои први ја објавија веста за вмешаноста на Едан во аферата, францускиот дипломат му обезбедил на Епстин „дипломатски информации, разузнавачки информации и пристап до неговите меѓународни мрежи“.

Првите евидентирани размени се од 2010 година, кога Едан бил испратен во Обединетите нации, каде што бил советник на норвешкиот дипломат Терје Ред-Ларсен. Ред-Ларсен и неговата сопруга Мона Јул се под истрага во Норвешка за „соучество во корупција и поткуп“ поради нивните врски со Епстин.

Медиапарл за Едан изјави дека ОН биле предупредени во 2013 година дека постои можност тој да е поврзан и со веб-страници со детска порнографија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ