вторник, 7 април 2026

Француски брз воз се судри со воен камион, загина машиновозачот (ФОТО+ВИДЕО)

Брз воз се судри со воен камион на патен премин во северна Франција во близина на Кале утрово. Се стравува дека машиновозачот е мртов, а неколку патници се повредени во несреќата, потврди Фабиен Вилдје од синдикатот СУД Раил, пренесува Ројтерс.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Вилдје на платформата Икс објави дека се стравува дека машиновозачот на ТГВ е мртов, а неколку патници се повредени во судирот.

Францускиот министер за транспорт Филип Табаро исто така ја потврди несреќата преку социјалната мрежа Икс, објавувајќи дека се упатува кон местото на настанот.

Државната железничка компанија СНЦФ соопшти дека судирот се случил на патен премин помеѓу градовите Бетјун и Ленс и дека сообраќајот на линијата е во прекин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ