Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, денес во Брисел, потврди дека ЕУ ќе воведе санкции врз иранските функционери „одговорни за злоупотреби“ во земјата.
„Не може да има неказнивост. Неподносливата репресија врз мирното востание на иранскиот народ не може да остане без одговор“, напиша Баро на платформата Икс.
Портпаролката на владата Мод Брежон претходно во текот на денот изјави дека Франција нема „табуа“ во врска со статусот на Револуционерната гарда, оценувајќи ја „како несонована критиката за наводната слабост на Франција“ кон репресијата што ја спроведуваат иранските власти.
Исламската револуционерна гарда е обвинета дека играла клучна улога во смртоносното задушување на демонстрациите што ја потресоа земјата, при што се проценува дека загинале околу 30.000 луѓе.
Франција им се придружи на Италија и Германија во овој став.
Според европските дипломати, се очекува Шпанија да го стори истото, бидејќи Мадрид им сигнализираше на своите партнери дека нема да се спротивстави на консензусот ако Франција гласа за ставање на Револуционерната гарда на листата на терористички организации.






