среда, 4 март 2026

Франција испрати „рафали“ во своите воени бази во Емиратите

Франција распореди борбени авиони „рафал“ во Обединетите Арапски Емирати за да ги заштити своите воени бази во областа, потврди вчера министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тие спроведоа операции за обезбедување на воздушниот простор над нашите бази“, изјави Баро за БФМТВ.

Министерот не даде дополнителни детали за мисиите, ниту дали имало потреба да се соборуваат беспилотни летала или ракети што можеле да претставуваат закана за базите.

Овој потег доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Франција претходно го критикуваше американско-израелскиот напад врз Иран, а претседателот Емануел Макрон рече дека операцијата се случила „надвор од рамките на меѓународното право, кое не можеме да го одобриме“.

И покрај критиките, Франција ги зголеми своите воени капацитети во регионот поради ескалацијата на конфликтот. Носачот на авиони на нуклеарен погон „Шарл де Гол“ е упратен во Средоземното Море заедно со своите придружни фрегати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ