Украинскиот претседател Володимир Зеленски присуствуваше на прес-конференцијата по состанокот на „коалицијата на спремните“ во придружба на францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, на самиот почеток тие истакнаа дека е потпишана декларација за намера која се однесува на распоредување на мултинационални сили во Украина во случај на мировен договор со Русија.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија и Франција ќе воспостават воени бази во Украина доколку се постигне мировен договор.
Тој нагласи дека е важно годината да започне со заеднички настап на европските и американските сојузници покрај украинскиот претседател, со цел постигнување траен мир.
„Поблиску сме до таа цел од кога било досега, иако најтешките чекори сè уште се пред нас“, рече Стармер, додавајќи дека денешната средба била многу конструктивна и се темели на значајниот напредок во преговорите во изминатите денови и недели.
Според него, целта на таканаречената „коалиција на спремните“ е да обезбеди траен мир и, во соработка со САД, да ја гарантира безбедноста на Украина на долг рок.
❗️Ukraine, France, and Britain have signed a declaration on the deployment of multinational forces in Ukraine after the end of the war.
In addition, Suspilne publishes a draft communique from the meeting, which states:
▪️The United States will help ensure a ceasefire in Ukraine… pic.twitter.com/tTFuat7N9t— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) January 6, 2026
Стармер нагласи дека потпишаната декларација претставува клучен чекор бидејќи го отвора патот за правна рамка во која британските, француските и партнерските сили би можеле да дејствуваат на украинска територија.
„Ова е дел од нашата силна и долгорочна посветеност кон Украина“, рече Стармер, додавајќи дека распоредувањето ќе вклучува обезбедување на воздушниот простор и море на Украина, како и обнова и зајакнување на вооружените сили на Украина за во иднина.






