Баро на мрежата Икс напиша дека Франција започнува „колективен апел“.
„Ја изразуваме нашата желба да ја признаеме Државата Палестина и ги повикуваме оние кои сè уште не го сториле тоа да ни се придружат“, рече Баро.
Тој го упати својот апел на крајот од министерската конференција во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, како решение за израелско-палестинскиот конфликт.






