Русија, која го зазеде Крим од Украина во 2014 година и ги поддржува сепаратистите на истокот на земјата, собра околу 100.000 војници во близина на украинската граница и бара НАТО да не ја прими Украина во членство.
„Подготвивме сеопфатен пакет финансиски и економски санкции кои вклучуваат оневозможување на пристапот до странски капитал и контрола на извозот“, рече претседателката на Европската комисија.
Во пакетот санкции е вклучен и контроверзниот гасовод Северен тек 2, кој минува под Балтичкото Море. Дали гасоводот ќе биде пуштен во употреба зависи од „тоа како Русија ќе се однесува“, рече фон дер Лајен.
„Санкциите ќе ги почувствуваат и руските олигарси и другите блиски соработници на Путин“, додаде таа.
Русија подготвува серија оправдувања за инвазија на Украина, од кои едно е пропагандно видео на кое се прикажува исцениран напад, соопштија САД во четвртокот, додека Кремљ го осуди позиционирањето на американските трупи во регионот.
Кремљ истиот ден го обвини Вашингтон дека ги игнорира нивните повици за смирување на тензиите, откако САД во средата објавија дека ќе испратат околу 3.000 војници во Полска и Романија.






