недела, 15 март 2026

Фон дер Лаен: Русија флагрантно се обидува повторно да ги испише правилата на меѓународниот поредок

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме да дозволиме тоа да се случи, соочени сме со флагрантни обиди за повторно пишување на правилата на меѓународниот поредок“, кажа Фон дер Лаен на Минхенската безбедносна конференција.

Таа исто така го осуди сојузот на Кина и Русија формиран, според неа, за да се наметне „законот на посилниот“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој учествува на истиот форум со Фон дер Лаен, укажа на истото.

„За првпат Пекинг ѝ се придружува на Москва и бара од НАТО да не прима повеќе членови“, кажа Столтенберг.

„Станува збор за обид за контролирање на судбината на слободните нации, повторно пишување на меѓународните правила и наметнување на нивните авторитарни модели на владеење“, додаде Столтенберг.

Ескалацијата од последните недели во Украина каде Западот стравува од напад на Русија би можела „да го преобликува целиот меѓународен поредок“, кажа шефицата на Европската комисија.

Руските трупи сконцентрирани на границите на Украина претставуваат најголемото распоредување војска на европско тло од најтешките денови на Студената војна, кажа таа.

Столтенберг го повтори денес цврстото ангажирање на членките на воениот пакт заемно да се штитат и ја предупреди Русија дека ќе добие „повеќе НАТО“ на своите граници ако се труди да добие „помалку НАТО“.

„Москва се обидува да ја врати историјата назад и повторно да создаде своја сфера на влијание. Ние сме сите сојузници во НАТО, ние сме едно и секогаш ќе правиме сè што е неопходно да се штитиме и заемно да се браниме“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ