петок, 30 мај 2025

Фон дер Лаен: Инвестираме 500 милиони евра за да донесеме научници во ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен денес во Париз најави пакет од 500 милиони евра за привлекување истражувачи и научници во Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Науката е инвестиција и ние мора да понудиме соодветни стимулации. Затоа можам да најавам дека ќе предложиме нов пакет од 500 милиони евра за периодот 2025-2027 година за да ја направиме Европа магнет за истражувачите“, рече фон дер Лаен во говорот на парискиот универзитет Сорбона.

„За да го олесниме доаѓањето на истражувачите, сакаме да им помогнеме на јавните и приватните институции подобро да се поврзат со висококвалификувани експерти и истражувачи и да го забрзаме и поедноставиме влезот на висококвалификувани истражувачи во Европската Унија“, рече таа.

Минатиот месец, францускиот претседател Емануел Макрон и Урсула фон дер Лаен изјавија дека ќе се обидат да поканат научници и истражувачи од целиот свет во Европа, во време кога администрацијата на Трамп се заканува дека ќе го намали федералното финансирање за американските универзитети.

Таа посочи дека Европа има развиена истражувачка инфраструктура и најави дека ЕУ и нејзините земји-членки сакаат да ги зголемат инвестициите во науката на 3 проценти од БДП до крајот на оваа деценија.

„Избираме да ги ставиме истражувањето и иновациите, науката и технологијата, во срцето на нашата економија. Сакаме да бидеме континент каде што универзитетите се столбови на нашите општества и нашиот начин на живот“, додаде таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ