„Секогаш ќе го браниме и поддржуваме системот базиран на правила што помогнавме да се изгради со нашите сојузници, но повеќе не можеме да се потпираме на него како единствен начин да ги браниме нашите интереси. Не можеме ни да претпоставиме дека неговите правила ќе нè заштитат од сложените закани со кои се соочуваме“, изјави фон дер Лаен на конференција на амбасадорите на ЕУ.
„Итно треба да размислиме дали нашата доктрина, нашите институции и нашето донесување одлуки – сите дизајнирани во повоениот свет на стабилност и мултилатерализам – успеаја да го следат темпото на промените околу нас“, продолжи таа.
„Прашањето е дали системот што го изградивме, со сите негови добронамерни обиди за постигнување консензус и компромис, е повеќе помош или пречка за нашиот кредибилитет како геополитички актер“, заклучи таа.






