„Имавме дронови во Полска, имавме упад во естонскиот воздушен простор“, потсети фон дер Лаен.
Таа додаде дека Русија се стреми да ја тестира Европа, но и да „сее поделби и немири“ во нејзините општества.
„Нема да дозволиме тоа да се случи“, рече таа.
Лидерите на ЕУ денес се состануваат на неформален состанок на Европскиот совет во Копенхаген, каде што ќе разговараат за тоа како да се зајакне заедничката одбрана на Европа и како да се поддржи Украина.






