„Мора да престанеме да ја вооружуваме Европа. На крајот на краиштата, ова ќе нè доведе до нуклеарна војна“, рече Меме, реагирајќи на најавите од Брисел за понатамошно зајакнување на воените капацитети.
Тој се осврна и на неодамнешната порака од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, која промовираше европски фонд во рамки на програмата Безбедност за Европа (САФЕ), наменет за поттикнување на производството на оружје во земјите-членки. Според Меме, насоките утврдени од шефицата на ЕК би можеле да ја турнат Европа во нова голема војна во наредните години.
Европската унија неодамна постигна политички договор за пренасочување на дел од своите средства од цивилниот буџет кон одбраната. Според европските медиуми, данското претседателство со Советот на ЕУ и Европскиот парламент се согласија за прелиминарен договор за инвестиции во одбранбениот сектор.
Планираните механизми би овозможиле постојните средства на ЕУ, кои досега беа главно наменети за цивилни проекти, да бидат достапни за производство на оружје и други одбранбени програми.






