Финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен вели дека се води јавна расправа за тоа. Но, истакна дека руската инвазија на Украина „промени сè“.
„Финска долго време е близок партнер на НАТО и опцијата за влез во таа алијанса отсекогаш ѝ била отворена, доколку го сака тоа. Водиме расправа за ова“, рече министерката.
На прашањето дали влезот на Финска во НАТО ќе доведе до зголемување на тензиите со Русија, Тупураинен рече дека тоа е порака што многупати ја слушнале од Москва.
„Но, мораме да внимаваме да не го намалиме нашиот простор за маневрирање. Самите ќе ги донесеме своите одлуки“, рече министерката.
На прашањето дали забележале трупање руски сили долж границата со Финска, Тупураинен рече дека „Финска не гледа никаква непосредна закана“.






