понеделник, 8 декември 2025

Фејсбук ја блокираше страницата на руската делегација во Виена. Русија: Веднаш да ја вратат

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор во неделата вечер испрати барање до Мета, калифорниска компанија и сопственик на Фејсбук, „веднаш да ги отстрани ограничувањата на официјалниот профил“ на руската делегација во Виена, која води преговори за контрола на вооружувањето.

„Блокирањето на профилот е чин на цензура со што се нарушува слободниот проток на информации“, предупреди Роскомнадзор.

Споменатата Фејсбук страница е блокирана во петокот, со образложение дека објавува „нелегална содржина“, изјави шефот на руската делегација во Виена, Константин Гаврилов. Сајтот во понеделник е сè уште недостапен.

Гаврилов објаснува дека делегацијата ја користи страницата за објавување официјални изјави од руски претставници.

Страницата на таа делегација беше блокирана и од Твитер во февруари 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ