четврток, 11 декември 2025

ФБИ предупредува: Кина е најголемата закана по долгорочната американска економска безбедност

Објавено на

часот

Сподели

Реј во синоќешниот говор, во претседателската библиотека Роналд Реган, укажа дека САД продолжуваат да ја сметаат Кина за своја најголема закана по долгорочната економска безбедност, дури и во момент кога тензиите меѓу Русија и Западот се во фокусот на американската надворешна политика.

„Кога ќе го собереме она што го гледаме во нашите истраги, од кои над 2.000 се фокусирани на кинеската влада која се обидува да ги украде нашите информации или технологијата, едноставно нема земја која претставува поголема закана за нашите идеи, иновации и економската безбедност од Кина“, кажа Реј, според транскриптот на говорот кој го објави ФБИ.

Според него, ФБИ секои 12 часа отвора нови случаи за да се спротивстави на кинеските разузнавачки операции, при што хакерите на кинеската влада крадат повеќе лични и корпоративни податоци отколку сите други земји заедно.

„Штетата од економската шпионажа на кинеската влада не е само тоа што нејзините компании напредуваат врз основа на нелегално стекнати технологии. Додека тие напредуваат, нашите компании и работници ги туркаат во втор план“, изјави Реј.

Претставници на кинеската влада повеќе пати ги отфрлаа обвинувањата на американската влада, а портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон минатиот јули порача дека Американците „извршиле неосновани напади“ и изнеле злонамерни клевети за кинески сајбер напади.

Во тоа соопштение Кина себеси се опиша како „неуморен бранител на сајбер безбедноста“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ