понеделник, 16 јуни 2025

ФБИ доби наредба да им даде приоритет на случаите на имиграција

ФБИ им нареди на своите агенти да го зголемат времето што го посветуваат на спроведување на законите за имиграција и да го намалат бројот на истраги за финансиски криминал, дознава Ројтерс од четири лица запознаени со ова прашање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во серија состаноци, на агентите од нивните теренски канцеларии им било кажано дека ќе мора да посветат околу една третина од своето време на помагање на администрацијата на Трамп во борбата против нелегалната имиграција.

Им било кажано дека истрагите за финансиски криминал, таканаречениот криминал со бели јаки, ќе бидат ставени во втор план барем до крајот на 2025 година, велат извори кои сакале да останат анонимни.

Портпаролката на ФБИ немаше непосреден коментар за новата директива.

Историски гледано, спроведувањето на законите за имиграција генерално не била примарна задача на безбедносните служби во рамки на Министерството за правда.

Но, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засили мерките против имиграција, илјадници федерални службеници од различни агенции беа прераспоредени во последните месеци, пренасочувајќи ги ресурсите од борбата против другите видови криминал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ