Таа им порача на европратениците дека Европскиот парламент мора да излезе од Стразбур и од Брисел и да се доближи до сите европски градови, да ја поддржи Конференцијата за иднината на Европа и да обезбеди успех на овој демократски проект. „Треба особено да ги слушаме младите“, рече Мецола, бидејќи 2022 година е европската година на младите.
Таа повика на заедничка борба против климатските промени.
„Треба да му покажеме на остатокот од светот дека борбата против климатските промени е нашата заедничка судбина“, рече новата претседателка на ЕП, додавајќи дека е можно истовремено да се зачува животната средина и да се зајакне економијата.
Мецола е третата жена на чело на ЕП, по Симоне Веил (1979-1982) и Никол Фонтен (1999-2002). Таа е во Европскиот парламент од 2013 година, а во 2004 година како студентка ја водеше кампањата за прием на Малта во ЕУ. Во трката за претседател на ЕП, Швеѓанката Алис Кунке освои 101 глас, а Шпанката Сира Рего освои 57 гласа од 705 пратеници во Европскиот парламент.
Италијанскиот социјалист Сасоли, претходникот на Мецола на чело на парламентот, почина на 11 јануари во болница во Авијано, каде што беше хоспитализиран од 26 декември „поради тешки компликации на дисфункција на имунолошкиот систем“.






