недела, 28 декември 2025

Европскиот контингент, доколку биде во Украина, ќе стане легитимна цел за руските сили

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека европскиот контингент, доколку биде распореден во Украина, ќе стане легитимна цел на руските вооружени сили.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Европските политичари не ги жалат не само Украинците, туку ниту сопственото население“, изјави Лавров во интервју за ТАСС.

Лавров истакна дека тоа го докажуваат тековните разговори во Европа за испраќање воени контингенти во Украина.

„Веќе сто пати сме рекле дека во таков случај тие би станале легитимна цел на нашите вооружени сили“, потсети Лавров.

Лидерите на водечките европски земји кон средината на декември соопштија дека безбедносните гаранции за Киев мора да вклучуваат создавање на „мултинационална сила за Украина“ предводена од европски сили.

Британскиот министер за одбрана Џон Хили тогаш изјави дека земјите што учествуваат во „коалицијата на спремните“ ја зголемиле борбената готовност на своите трупи во очекување на можно распоредување во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ