САД за повоениот Маршалов план издвоија денешни 200 милијарди долари за економска и техничка помош на Европа.
„Она што треба да го направиме за Украина е модерен Маршалов план“, им кажа Хан на новинарите. Додаде дека тоа ќе помогне за брза обнова на Украина и нејзино побрзо приближување кон Европската Унија.
Киев поднесе официјална пријава за членство во економскиот блок со 27 членки.
Тој процес е долготраен и во мирнодопски услови, а војната која беснее во Украина го направи практично невозможен, оценува Ројтерс.
Хан не прецизираше колку пари би биле потребни, но кажа дека товарот на обновата на Украина не би требало да го сноси само Европската Унија, туку во тоа би требало да учествуваат членките на групата Г20, вклучувајќи ја Русија.






