четврток, 2 април 2026

Европската комисија: Обезбедуваме 200 милиони евра за украинските бегалци и раселени лица (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Денес се собравме со јасна цел: да го поддржиме храбриот украински народ, кој се бори против агресорот и за својата слобода“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лаен.

Таа во име на Комисијата вети 200 милиони евра помош.

Минатиот месец, на донаторска конференција за Украинците внатре и надвор од земјата, ветената помош достигна 9,1 милијарди евра.

„Знаеме дека ќе биде потребно повеќе и ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина“, додаде таа.

Околу осум милиони луѓе, од кои две третини се деца, се протерани во рамки на Украина од почетокот на руската агресија, а повеќе од 5,3 милиони Украинци нашле засолниште во ЕУ и соседните земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ